Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
По повод 22 април-Денот на планетата Земја, денеска во основното училиште “Крсте Мисирков“ се одржа презентација за заштита на планетата.
Преку презентацијата наставниците и учениците порачаа дека планетата ќе се заштити ако не се сечат шумите, ако се стават филтри на фабриките, ако се намалат издувните гасови од автомобилите, ако не се фрла отпад во природа, ако истиот се рециклира и слично.
Знаеме дека пола од населението во светот живее во загадени, урбани средини и е неопходно да се заштити. Презентацијата покажува како да се спречи загадувањето на водата, воздухот и почвата. Тоа учениците го учат во наставните програми. Се развива свеста кај нив, и би требало секој од нас секој ден да ја заштитува природата , затоа што немаме резервна планета - изјави Снежана Јовановска, професор по биологија во „Крсте Мисирков“.
Со рециклирање на еден тон канцелариска хартија се спасуваат 17 стебла, беше кажано на презентацијата.
Природата треба да ја чуваме, да ја штитиме, да ја сакаме. На хамери напишавме еко пораки. Треба да се заштити околината и затоа јас не фрлам отпадоци - вели Сара Цветковска, ученичка во осмо одделение.
За прв пат 22 април се слави како Ден на планетата Земја во 1970 година во САД и Канада. 20 години празникот е целосно американски, а во 1990 година започнува да се слави како меѓународен.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk