Презентирани европските програми за прекугранична соработка

26.05.2015 13:01 | KumanovoNews

Во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“  денеска беа презентирани европските програми ИПА за прекугранична соработка и креативна Европа.

Презентирани европските програми за прекугранична соработка

Презентацијата ја организираа Министерството за локална самоуправа и Делегацијата на ЕУ во соработка со ЕУ Инфо точка при општина Куманово, за да невладините организации и претставници на институции се запознаат со начините каде се можат да аплицираат со проекти.

Станува збор за два различни инструменти на ЕУ, кои имаат различни приоритети и различни услови за аплицирање, цели. Сакаме да им понудиме на операторите од овој регион, да ги препознаат своите идеи, односно во кој од овие фондови сакаат да аплицираат. Во кој од овие фондови тие можат да ги наменат своите проектни идеи - вели Билјана Прентоска, советник во одделение за креативна Европа во Министерство за култура.

Вакви презентации ќе има во Струмица, Битола и Струга.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk