При крај реновирањето на “Браќа Миладиновци“ и “Бајрам Шабани“

06.08.2015 11:13 | KumanovoNews

При крај е реновирањето на училниците во основните училишта “Браќа Миладиновци“ и “Бајрам Шабани“.

При крај реновирањето на “Браќа Миладиновци“ и “Бајрам Шабани“

Со сретства од УСАИД, преку проектот за интеретничка интеграција во образованието, ќе се заменат прозорците и ќе се реновираат тоалети и училници.

“ Секоја година имаме отворен повик и ги реновираме оние училишта кои според критериумите одлучуваме дека имаат најголема потреба и дека најмногу сториле во однос на етничка интеграција.  Ова е само една дополнителна активност за да покажеме дека сакаме да ги наградиме тие училишта кои што мислат за етничка интеграција на младината во државата“ - изјави Лејла Јаковлевска од УСАИД.

Елизабета Костадиновска Костиќ, помошник директор во “Браќа Миладиновци“ вели дека ова реновирање е од огромно значење за нив.

“Можам слободно да кажам од постоењето на ова подрачно училиште во Соколана, досега нема изведено вакво поголемо реновирање, така што тоа е од големо значење за нас и нашите ученици, за да на 1-ви септември влезат во целосно ново опремени училници. Многу ќе се подобрат условите за работа“ - вели Костадиновска Костиќ.

Во овој училишен објект учат 360 деца од прво до петто одделение. На ниво на држава се реновираат околу 40 училишта со помош на УСАИД.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk