При судир на автобус и БМВ повредено 21 лице

28.01.2020 09:58 | KumanovoNews

Дваесет и едно лице е повредено во сообраќајна незгода што синоќа се случила на автопатото Куманово- Табановце.

При судир на автобус и БМВ повредено 21 лице

Според МВР, во 21.50 часот на автопатот Куманово - граничен премин Табановце, пред клучка за Крива Паланка, се случила сообраќајна незгода помеѓу автобус „крафтер“, со кумановски регистарски ознаки, управуван од Н.А.(39) од Куманово и патничко возило „бмв“, со бугарски национални ознаки, управувано од Н.М.(28) од Куманово.

Во незгодата двајцата возачи и 19 патници од автобусот се здобиле со телесни повреди, по што биле пренесени во Општата болница Куманово за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Куманово.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk