Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
По повод Светскиот ден на Ромите, градоначалникот на Куманово Зоран Дамјановски, денеска ги прими претставниците од ромската заедница во Куманово.
При тоа им го честиташе празникот и го истакна значењето на Ромите во градот и односот на локалната самоуправа кон ова етничко малцинство.
„Морам да истакнам дека Куманово е напред во однос на имплементирање на правата на Ромите. Ромскиот јазик е во службена употреба во нашата заедница, заедно со македонскиот, албанскиот и српскиот. Имаме голема пропроционалност и при вработувањата, меѓутоа на мое жалење Ромите не се етаблирани на истакнати места. Ве подржуваме и со низа манифестации за Василица, Ѓурѓовде, ромскиот труба фест фестивал и др.,- рече градоначалникот.
Тој смета дека Декадата на Ромите не ги дала посакуваните резултати, но се надева дека во наредниот период ќе дојдат подобри времиња во кои тие ќе ги остварат своите права.
Шаип Рамадани, се заблагодари во името на делегацијата и од сите Роми во градот, и ја истакна подршката на градоначалникот и локалната самоуправа во решавање на проблемите кои ги засегаат.
„Благодарејќи на нашата упорност, со нашите културни уметнички друштва и невладините организации, направивме да се истакнеме во општеството и општината. Со нашите позитивни работи кои ги работиме во културата, образованието и вработување. Тие се најболни сегменти во општеството, на кои ние максимално работиме, за подобро да влијаат врз животот на Ромите во општина Куманово, - рече Рамадани.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk