Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
До Државната изборна комисија (ДИК) поднесени се приговори за постапка на гласање, сумирање и утврдување на резултатите за референдумотна, во неделата на 30 септември, на избирачко место во Куманово.
Според информациите од ДИК, два од приговорите се однесуваат на едно избирачко место во Куманово и се со иста содржина. Еден од набљудувачите на ова избирачко место ги поднел овие два идентични приговора во кои тврди дека претседателот на избирачкиот одбор ја злоупотребил должноста со корекции на записникот од гласањето.
Приговор за гласање има и во Виница, а четири приговори се поднесени од Тодор Петров и од Светскиот македонски конгрес.
Рокот за поднесување на приговорите истекува вечер во 22 часот.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk