Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Кривична пријава заработија благајничка и шалтерска службеничка затоа што ја злоупотребиле службата
Кумановската полиција поднесе кривична пријава против В.Г.(52) од Скопје, благајник во Дом за стари лица „Зафир Сајто“ и М.Ј.(41) од Куманово, службено лице во АД „Македонски пошти“, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“. В.Г. неовластено пополнила и заверила со службен печат налози за исплата со генералии на три лица сместени во домот и од нивните трансакциони сметки од „Еуростандард Банка“ Куманово, подигнала парични средства во вкупен износ од 59.600 денари, а додека М.Ј. како шалтерски работник неовластено на 21.12.2015 година, извршила исплата на наведените парични средства.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk