Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Жител на кривопаланечкото село Луке силувал соселанка во нејзиниот дом.
Силувањето се случило завчера околу 1 часот по полноќ, додека С.К.(63) спиела. Во собата влегол Ѓ.Д.(44), откако ги скршил катанците од споредната врата на куќата. Ја разбудил жената која започнала да се спротивставува, но ја удрил по главата и успејал да ја совлада. Ја извршил обљубата и избегал од куќата.
Жената вчера го пријавила случајот во полиција. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk