Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Лажна е пријавата дека под автомобил паркиран пред зграда на булеварот “Октомвриска револуција„ во Куманово, е подметната бомба.
Екипите на полицијата и анти-тероризам го прегледаа автомобилот, и откако ништо не најдоа си заминаа.
Од МВР, велат дека пријавата ја добилe во 8.30 часот, од 37 годишен кумановец, кој тврдел дека под неговото возило „фиат мареа„ има поставено бомба. По извршениот увид не е пронајдена експлозивна направа.
Неофицијално дознаваме дека сопственикот на возилото имал закани од непознато лице дека ќе му постават бомба под колата. Полицијата работи на разоткривање на случајот.
Граѓаните кои живееат во зградата, кај „доктор Бато“, раскажуваат дека во прво време не знаеле за што се работи, но откако дел од паркингот бил расчистен им кажале дека постои опасност од подметната бомба.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk