Пријави за кумановци фатени со наркотични средства

22.12.2016 13:50 | KumanovoNews

Кумановската полиција во два одвоени случаи поднесе кривични пријави против две лица поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.

Пријави за кумановци фатени со наркотични средства

Во првиот случај поднесена е пријава против С.Х.(30) од Куманово, кој на 08.06.2016 година во 21.50 часот на ул. „Доне Божинов“ во такси возило како сопатник фатен е со 1,87 грама наркотична дрога марихуана.

 Во вториот случај пријавата е против К.И.(19) од Куманово, кој на 06.05.2016 година на ул. „Народна револуција“ бил затекнат со М.Ѓ. (20), Д.Р. (19) и М.П. (19), сите од Куманово, кои ги наведувал на уживање наркотична дрога со запалена цигара-џоинт. При преглед на лицата, истата била пронајдена кај М.Ѓ.  

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk