Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
До Министерството за внатрешни работи утринава од повеќе училишта во Куманово било пријавено дека добиле известувања за поставено бомби.
Неофицијално дојава за бомба има во седум основни училишта, меѓу кои се „Браќа Миладиновци“, „Кочо Рацин“, „11 Октомври“, „Бајрам Шабани“ и др.
Од сите училишта учениците се евакуирани, а екипи на МВР се на терен.
Од СВР Куманово, потврдуваат дека утринава околу 09.00 часот кај нив било пријавено дека на електронските адреси на училишта во Куманово и кумановско е упатена закана за поставена експлозивна направа.
„Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на објектите и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случаите“, информираат од Кумановската полиција.
Поради дојавите на бомби деловите на градот каде што се наоѓаат училиштата се блокирани, јавуваат граѓани.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk