Пријавување за онлајн маркетинг на занаетчиски и мали бизниси

11.12.2019 21:54 | KumanovoNews

Сопствениците на мали бизниси и занаетчиите, имаат можност да се пријават за учество во европски проект за зголемување на конкурентноста преку онлајн маркетинг.

Пријавување за онлајн маркетинг на занаетчиски и мали бизниси

„Занаетчија сте или земјоделец, претприемач или пак сопственик на мал бизнис? Сакате да ја зголемите видливоста на вашето производство и на интернационално ниво? Програмата за зголемување на конкурентноста преку online marketing овозможува вашето производство да излезе надвор од границите на традиционалниот пазар. Можете да се пријавите на [email protected] најдоцна до 27.12.2019 и станете потенцијален учесник во меѓу-граничeн проект поддржан од страна на Европската Унија“, - соопштуваат имплементаторите на проектот Елипса.

Документот од објавата, можете да го отворите тука

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk