Прикажан филм за човековите права

18.12.2015 13:18 | KumanovoNews

Во Центарот за култура “Трајко Прокопиев“ синоќа беше прикажан краток документарен филм за човековите права , по повод 10 декември-Меѓународниот ден за човековите права.

Прикажан филм за човековите права

Организаторите од Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ ОК Куманово,  рекоа дека преку овој филм  сакаат да испратат порака за почитување на човековите права, но и да покажат во различни делови на светот што за луѓето значат човековите права.

“ ВМРО-ДПМНЕ организира прикажување на еден минидокументарен филм каде на краток јасен начин е прикажано на кој начин луѓето во светот ги сфаќаат човековите права, историскиот тек, нивниот развој, декларациите со кои тие се утврдени, загарантирани како универзални права на секоја единка на светот, како права кои секој од нас ги стекнува со самото раѓање и како права коишто траат“ - рече Емилија Трајковска, претседател на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ ОК Куманово.

Од УЖ велат дека секој месец се трудат да организираат трибини и работилниви на теми кои тој месец се актуелни.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk