Приложил лажен документ за престој во странство, заработи кривична

26.06.2018 12:00 | KumanovoNews

Кумановската полиција поднесе кривична пријава против Б.Р.(49) од село Матејче, општина Липково, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела поднесување лажни докази и употреба на исправа со невистинита содржина.

Приложил лажен документ за престој во странство, заработи кривична

Во Одделението за управни работи Куманово, пријавениот поднел лажен документ за престој во странство подолго од три месеци, врз основа на кој му биле издадени две уверенија за живеалиште.

Со цел да ја искористи погодноста од член 24 од Законот за возила, уверенијата ги употребил во постапка за идентификација на две патнички возила во Бирото за метрологија при Министерството за економија.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk