Припадници на АРМ учеа да гаснат пожар

19.06.2013 15:08 | KumanovoNews

 Во  кругот на касарната „Боро Менков“ денеска се одржа заедничка обука на противпожарните екипи на Првиот механизиран пешадиски баталјон и Противпожарната единица од Куманово за гаснење на пожари и спасување на лица зафатени со пожар.

Припадници на АРМ учеа да гаснат пожар

Обуката беше наменета за противпожарната екипа во касарната, а се состоеше од теоретски и практичен дел.

Во теоретскиот дел на обуката, професионалните пожарникари ги запознаа војниците со опасностите што ги предизвикуваат пожарите и како да се превземат превентивни мерки од пожари. Во практичниот дел  пожарникарите ги покажаа начините за влегување во опожарен објект и како се гасне пожар додека да пристигне противпожарно возило. При тоа припадниците од Пожарната единица од Куманово и нашата единица покажаа висок степен на обученост, голема ефикасност и брза реакција, како и координација на единиците на АРМ и екипите кои професионално се бават со гаснење на пожари- соопштуваат од АРМ.

Во обуката биле вклучено едно против пожарно возило и 4 професионални пожарникари.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk