Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Меѓународниот ден на жената 8 Март пригодно беше одбележан и во основното училиште „Вера Которка“ во селото Клечовце.
Во училиштето се одржа манифестацијата „Вештите раце на мојата мајка„, која се организира традиционално, по десетти пат. За таа цел мајките изготвија разни специјалитети од кои најдобрите беа избрани и наградени.
Оваа година програмата беше збогатена и со учество на ученици од основното училиште „Фаик Коница“ од село Слупчане. Имено учениците од двете партнер училишта, во рамките на Проектот за меѓуетничка интеграција во образованието, учествуваа во креативна работилница на тема,,Изработка на честитки по повод 8 Март, а исто така и приредбата ја збогатија со рецитали изведени на двата јазика.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk