Приредба за другарчињата и министерката во „Ангел Шајче“

07.09.2017 11:21 | KumanovoNews

Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, денеска присуствуваше на приредба по повод почетокот на учебната година во градинската „Ангел Шајче„ во Куманово.

Приредба за другарчињата и министерката во „Ангел Шајче“

Посетата беше искористена да се сретна со вработените и да се запознае со условите за работа во градинката.

„Денеска сум тука на покана на директорката на приредба која ја спремиле дечињата.За мене како министер дополнително сакам да видам како оди работата во втора смена, како се условите во градинките„,- изјави министерката Царовска.

Директорката Марина Алексовска истакна дека секоја година за ново-промените деца од големите групи организираат мала приредба, со цел да ги поздравaт и да им посакаат добредојде во градинката.

„Голема чест ни направи што денеска дојде министерката да им посака добредојде на децата. Денеска сите заедно ќе им помогнеме што полесно во овој месец да се адаптираат во новата средина и нови услови со нови другарчиња. Да ги подготвиме и тие во наредните години да ги пречекуваат своите другарчиња,- изјави директорката Марина Алексовска.

На прославата присуствуваа градоначалникот, пратеници, советници, претставници од локалната самоуправа и гости .

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk