Пристигнаа 200 илјади вакцини на „Синофарм“, од вторник масовна вакцинaција и во Куманово

30.04.2021 07:17 | KumanovoNews

Денеска пристигнаа долгоочекуваните вакцини од фирмата „Синофарм“, од кинеско производство.

Пристигнаа 200 илјади вакцини на „Синофарм“, од вторник масовна вакцинaција и во Куманово

Станува збор за 200.000 вакцини, кои од понеделник ќе бидат дистрибуирани во сите вакцинални пунктови за масовна вакцинација ширум државата.

„Според распоредот на веќе пријавените граѓани ќе бидат распределени и вакцините и процесот на вакцинација со кинеските вакцини ќе започне во вторник“, кажа министерот Венко Филипче.

Масовната вакцинација ќе се спроведува во Скопје, во салата „Борис Трајковски“, како и во спортските сали во Куманово, Штип, Кавадарци, Тетово, Охрид и Битола.

На вакциналните пунктови ќе помагаат и здравствените работници од околните градови, а планирано е да се вакцинираат помеѓу 10 и 15 илјади граѓани дневно. Во исто време ќе функционираат и амбулантите на имунизација во Здравствените домови.

Министерот додаде дека во мај очекуваат да стигнат и други значајни количини на вакцини и до почетокот на летото да биде вакцинирано висок процент на население.

(С.Н.)

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk