Приштинскиот театар на Денови на комедија

05.10.2017 12:35 | KumanovoNews

Претставата „Споменик за магаре„ од Али Мехметај, во режија на Натур Калаба, на Приштинскиот театар, вечерва ќе гостува на Денови на комедија.

Приштинскиот театар на Денови на комедија

Во претставата играат Чун Лајчи, Косоваре Хоти, Крешник Малушај, Беслиѓе Батиќи, Бесарт Зенели, Валире Хаџијај и Албан Реџај.   

Претставата „Споменик за магаре“ се крева над идејата за судир на две реалности, политичка/бизнис олигархија, која неказнето и неверојатно вешто ја врти секоја ненадејна ситуација во своја корист, и од друга страна, едноставно инструментализирани луѓе кои се водени од логиката на инстиктите и и логиката на преживување од случај до случај. Каде е љубовта и каде таа умира, каде луѓето ги испонуваат своите потреби и витални амбиции-од храна до секс и политика.

Претставата се игра во салата на Народниот театар со почеток во 20 часот.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk