Притвор за кумановец кој криумчарел мигранти

03.03.2015 13:41 | KumanovoNews

Кумановската полиција поднесе кривична пријава протов С.С. (39) од Куманово, за злоупотреба на безвизниот режим со државите членки на Европската Унија и на Шенгенскиот договор, бидејќи криумчарел мигранти.

Притвор за кумановец кој криумчарел мигранти

 Кумановецот во саботата е затекнат од полицијата во село Табановце со две семејства, кои требал илегално да ги пренесе преку државната граница од Македонија во Србија за одреден паричен надомест. Семејствата планирале да заминат за Гермнија, од каде претходно биле одбиени за азил. На пријавениот му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk