Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Основното јавно обвинителство му одреди мерка притвор во траење од 30 дена, на Јосип Кузмановски од Куманово, осомничен за убиството на неговата соседка во Охрид, што се случи во понеделникот.
Кумановецот е пренесен во казнено поправна установа-затвор во Скопје.
Убиството се случи во понеделникот напладне, кога пријавениот, со цел стекнување противправна имотна корист, отишол во станот на Спаса Б. (67), на улицата „Галичица“ во Охрид.
Откако влегол со метален предмет-шипка ја удрил неколку пати во пределот на главата. По ова извршил пребарување во станот одземајќи мобилен телефон и 3200 денари. Забележал дека жената се уште е жива, од кујната зел нож и ѝ нанел убодни рани во пределот на вратот по што го напуштил станот
Ппобегнал во Куманово, од каде имал намера да замине во странство, но бил откриен и приведен.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk