Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Притвор во траење од 30 дена му е одреден на М.Д.(72) од с.Луке, кривопаланечко, бидејќи сакал да ја убие неговата соседка М.Н., удирајќи ја со секира во глава.
Надлежниот обвинител донесе наредба за спроведување на истражна постапка поради постоење на основано сомневање дека осомничениот сторил кривично дело Убиство, во обид.
Нападот се случил во петокот во 8 часот, во атарот на с. Луке, кога М.Д. со умисла се обидел да ја лиши од живот својата сосетка со која имал влошени односи околу доведувањето на вода во куќата на сега оштетената, преку неговиот имот. Откако дознал дека семејството на оштетената поставило црево вкопано во земја од неговата нива со кое доведува вода од извор, со секира го откопал истото и го исекол на повеќе места. По кратка расправија со оштетената, осомничениот замавнал со секирата при што и нанел тешка телесна повреда во пределот на главата по што жената паднала во бесознание.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk