Притвор за пироманот што запали 11 коли

13.10.2015 17:32 | KumanovoNews

Основното јавно обвинителство од Куманово му одреди притвор од 30 дена, на З.М.(38) од Куманово под сомнение дека сторил тешки дела против општата сигурност, затоа што минатата ноќ запали 11 автомобили на повеќе локации во центарот на градот.

Притвор за пироманот што запали 11 коли

Осомничениот го признал делото и рекол дека возилата ги палел случајно а не со некоја однапред одредена цел. З.М. е регистриран зависник од алкохол и порано против него имало пријави за семејно насилство.

З.М. во својот  поход тргнал пред полноќ со запалка во рацете. Во алкохолизирана состојба потпалувал пластични маски  на коли паркирани на улиците: Пионерска, Гоце Делчев, 11 Октомври и Димитрие Туцовиќ. Откако го запалил и последниот автомобил во кругот на Кумановската болница полицијата го пронашла и привела.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk