Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
На претседателот на Основниот суд Куманово, Муса Сулејмани му е одредена мерка притвор во траење 30 дена.
Покрај него 30 дена притвор добија уште 6 од обвинетите во акцијата “Удар„. Основниот суд Скопје-1 се одлучил за оваа мерка бидејќи постоела опасност да се дадат во бегство, околности кои укажуваат дека може да ја попречуват кривичната постапка и страв да не го повторат кривичното дело.
На еден од осомничените му е одредена мерка куќен притвор, а едно лице е недостапно на органите на прогонот и е издадена наредба за приведување.
Дел од осомничените се товарат за злосторничко здружување и злоупотреба на службената положба, а дел и за изнуда, лихварство, криумчарење мигранти.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk