Притворени лажни полицајци

03.10.2010 22:11 | KumanovoNews

 Истражен судија од кумановскиот суд им одреди 30 дневен притвор на В.А.(21), А.Р.(20) и И.Ј.(18) сите од Куманово, под сомнение дека сториле кривично дело разбојништво.

Притворени лажни полицајци

 Имено притворените  В.А. и А.Р. маскирани со фантомки на главите, а И.Ј. облечен во полициска јакна на почетокот на септември во центарот на Куманово ги нападнале и ограбиле С.С. (23) и С.Т.(20). На улицата „Пиринска Македонија„ во 3.35 часот по полноќ, разбојниците ги сопреле оштетените и претставувајќи се дека се полицајци им побарале лични документи. Откако двајцата се спротивставиле, И.Ј. извадил пиштол од појасот  и го вперил кон нив заканувајќи се дека ќе ги убие. Тогаш од ташната на С.Т. одзел 2 мобилни телефони и 400 денари, по што побегнале.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk