Приведен 19-годишник - возел „бмв“ со 91 км/час во населено место

26.05.2025 11:26 | KumanovoNews

 Млад кумановец возел во населено место со брзина дупло од дозволеното, поради што вчера во 18.20 часот бил приведен.

Приведен 19-годишник - возел „бмв“ со 91 км/час во населено место

„Полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај при СВР Куманово го лишиле од слобода С.М.(19) од Куманово. При контрола на патниот сообраќај констатирано е дека тој управувал патничко моторно возило „бмв“ со брзина од 91 километри на час во населено место каде што дозволената брзина е 40 километри на час“, соопшти МВР.

По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 297-а од Кривичниот законик - „безобѕирно управување со моторно возило“.

 

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk