Приведен крадец од Куманово

04.05.2021 13:17 | KumanovoNews

Полициски службеници од СВР Куманово, утринава во 6 часот го лишиле од слобода М.Т.(30) од Куманово, затоа што на 03.05.2021 околу 23.25 часот со употреба на сила влегол во продавница на улица „Ѓорче Петров“ во Куманово и одзел пари од дневниот промет.

Приведен крадец од Куманово

Врз основа на судска наредба бил извршен претрес во домот на М.Т., при што биле пронајдени украдените пари, кои биле вратени на сопственикот.

М.Т. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.    

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk