Приведен крадец во Куманово

07.04.2022 12:26 | Жаклина Цветковска

Полициски службеници од СВР Куманово, вчера,  го лишиле од слобода С.Р. (26) од Куманово, кој  се сомничи дека извршил  кражба во склад за огревни дрва, на булеварот „Трета македонска ударна бригада“ и во деловен објект на улицата „Иво Лола Рибар“.

Приведен  крадец  во Куманово

Од посочените објекти С.Р.  одзел повеќе предмети.

Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk