Приведен криумчар, пронајдени седум мигранти

23.11.2024 12:45 | KumanovoNews

На магистралниот пат Куманово-Крива Паланка, синоќ околу 20 часот, полициски службеници го лишиле од слобода Ф.Ш.(26) од Косово, затоа што при преглед на неговото патничко возило „голф 7“ со косовски национални ознаки, биле пронајдени седум лица-мигранти.

Приведен криумчар, пронајдени седум мигранти

Од нив тројца од Индија, двајца од Пакистан и по едно лице од Непал и Бангладеш. 

Известен бил јавен обвинител, мигрантите биле пренесени во Транзитниот центар-Табановце и Прифатниот центар за странци-Скопје и по целосно документирање на случајот, против Ф.Ш. ќе следува соодветен поднесок. 

 

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk