Приведен кривопаланченец што крадел во црква

22.12.2020 18:57 | KumanovoNews

Полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Г.В.(38) од Крива Паланка, со живеалиште во Скопје, поради основано сомнение дека назавчера извршил тешка кражба. Со употреба на сила и подесен алат влегол во црквата Св.„Кузман и Дамјан” во атарот на с.Говрлево, општина Сопиште и одзел пари.

Приведен кривопаланченец што крадел во црква

Тој бил приведен во полициска станица и во разговор со полициски службеници го признал делото.  Вчера врз основа на судска наредба, бил извршен претрес во домот каде што престојува, при што се пронајдени предмети поврзани со кривичното дело. Судија на претходна постапка во Кривичен суд Скопје му одредил мерка притвор.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk