Приведен кумановец, дома му нашле автоматска пушка и криумчарена стока

16.07.2022 15:22 | Сузана Николиќ

Полициски службеници од СВР  Куманово – Отсек за економски криминал утринава привеле кумановец, откако дома му нашле автоматска пушка и криумчарена стока. 

Приведен кумановец, дома му нашле автоматска пушка и криумчарена стока

„При претрес во домот на Д.Б. извршен со судска наредба, била пронајдена голема количина на криумчарена стока и автоматска пушка. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава“, соопшти МВР.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk