Приведен кумановец кој се коцкал со фалсификувани евра

16.08.2024 09:11 | KumanovoNews

На 14 август, во 16.50 часот едно лице од село Лопате е приведено откако во казино се обидело да размени фалсификувана банкнота од 100 евра.

Приведен кумановец кој се коцкал со фалсификувани евра

„Полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода А.Н.(43) од село Лопате, кумановско на 14 август, во 16.50 часот. Тој се сомничи дека на 13 август во казино на плоштад „Нова Југославија“ во Куманово се обидел да размени фалсификувана банкнота од 100 евра. Исто така, по преземени мерки било утврдено дека А.Н. пред десет дена во истото казино пуштил во оптек три фалсификувани банкноти од 100 евра“, соопштуваат од полицијата.

Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

 

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk