Приведен кумановец – провалувал во цркви и крадел пари

29.08.2025 12:04 | KumanovoNews

Полициски службеници од СВР Куманово вчера околу 15 часот го уапсиле Н.А. (28) од Куманово, кој се сомничи за повеќе кражби во цркви.

Приведен кумановец – провалувал во цркви и крадел пари

Според информациите од МВР, на 24 август тој со употреба на сила влегол во црквата „Св. Троица“ во селото Љубодраг и одзел пари. Четири дена подоцна, на 28 август, на сличен начин се обидел да одземе пари од касата во црквата „Св. Петка“ во населбата Бедиње, Куманово.

Осомничениот бил приведен во полициска станица, каде што во службен разговор ги признал делата. Украденото било пронајдено и вратено на сопствениците, а по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

 

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk