Приведен кумановец, украл предмети вредни близу 20.000 евра

26.01.2023 18:23 | KumanovoNews

Полициски службеници од СВР Куманово денеска попладне привеле 33-годишен кумановец, затоа што се сомничи дека извршил кражба во магацин на "Октомвриска револуција".

Приведен кумановец, украл предмети вредни близу 20.000 евра

„Ноќта помеѓу 25 и 26.01.2023 со уште едно лице од магацин на правен субјект на булеварот "Октомвриска револуција" во Куманово, одзеле повеќе предмети со вкупна  вредност од околу 20.000 евра. Предметите биле пронајдени и вратени на сопственикот. Лицето било задржано во полициската станица и по целосно расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава“, соопшти СВР Куманово.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk