Приведен кумановец - возел со 2,05 промили алкохол во крвта

24.04.2025 09:04 | KumanovoNews

Кумановец е приведен затоа што возел во алкохолизирана состојба.

Приведен кумановец - возел со 2,05 промили алкохол во крвта

„Вчера во 21.20 часот,  приведен е В.К. (51) од Куманово. При контрола на патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко моторно возило „мерцедес“ со кумановски регистарски ознаки, кое го управувал, и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2,05 промили алкохол во крвта. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик - „безобѕирно управување со моторно возило““, соопшти МВР.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk