Приведен кумановец во меѓународна полициска акција за спречување на шверц со наркотици

30.09.2022 14:58 | Сузана Николиќ

 Кумановец и уште две лица се приведени во голема полициска акција којашто е реализирана по повеќемесечна паралелна криминалистичка истрага на македонската и хрватската полиција, а вчера е спроведена на подрачјето на Тетово, Гостивар и Куманово.

Приведен кумановец во меѓународна полициска акција за спречување на шверц со наркотици

„Во акцијата, по претходно добиена наредба за претрес од Судија на претходна постапка од Основен кривичен суд Скопје, извршен е претрес во домот на Б.Џ. од Синичане, кој е веќе уапсен на територијата на Хрватска, при што биле пронајдени предмети поврзани со кривичното дело. При претрес кај А.М.(50) од село Опае, Кумановско, пронајден е еден пиштол, 50 куршуми, поголема количина на кокаин, пакувања со марихуана, електронски уред за мешање на дрога, парични средства во денари и евра, повеќе потврди за извршени финансиски трансакции и други предмети поврзани со кривичното дело. При претрес кај С.И.(74) од Гостивар пронајден е еден пиштол „ТТ“ кал. 7,62 милиметри со 168 куршуми кал. 7,62 милиметри и други предмети поврзани со кривичното дело. При претрес кај Е.Н.(63) од село Синичане пронајдена е документација за извршени финансиски трансакции и други предмети поврзани со кривичното дело“, соопштува МВР.

Трите лица се уапсени, а од страна на МВР ќе биде поднесена  кривична пријава до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, поради постоење на сомнение дека сториле кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ предвидено и казниво по чл. 215 ст.3 и кривично дело „злосторничко здружување“ по чл. 394 од Кривичниот законик.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk