Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Синоќа, во 22.50 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Б.В.(35) од Куманово.
Тој бил затекнат во деловен објект на улица „Индустриска“ при обид да изврши кривично дело „кражба“.
Б.В. бил приведен во Полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk