Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Полицијата приведе 19-годишен мотоциклист кој учествувал во сообраќајна незгода, а мотоциклот го управувал без возачка дозвола.
„Вчера во 12:30 часот на улицата „11 Октомври“ во Куманово, полициски службеници лишиле од слобода 19-годишен жител на селото Опае, липковско. Претходно, тој управувал мотоцикл „Јамаха“ со кумановски регистарски ознаки и учествувал во сообраќајна незгода со патничко возило „Ауди“. При преземање мерки во врска со незгодата, полициските службеници констатирале дека мотоциклот го управувал без да поседува возачка дозвола“, соопштија од МВР.
Тој бил задржан во Полициската станица Куманово, а мотоциклот бил одземен. По целосно расчистување и документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
2008 - 2026 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk