Приведен осомничен за обиди за убиство

25.08.2011 16:09 | KumanovoNews

  Ерхан Селахи (39) од селото Опае, утринава бил приведен од полицијата, поради сомнение за кривично дело убиство во обид и одлежување на затворска казна за истото дело.

Приведен осомничен за обиди за убиство

Селахи се барал по потерница од Основениот суд Куманово, бидејќи во јули мината година, со пиштол кој го поседувал без дозвола се обидел да го убие неговиот брат Е.С.(51) од Опае, при што му нанел прострелна рана во пределот на левиот колк.

Приведениот треба да одлежи и казна затвор во траење од 3 години и 8 месеци за сторено кривично дело „убиство во обид„, извршено во мај 2005 година во селото Опае. Тогаш тој и неговиот брат Б.С.(42) со автоматска пушка пукале во возилото во кое биле братучедите Буљбуљ А.(30) и Бујар А.(17) двајцата од Опае, но не ги погодиле. Нападнатите бегајќи со возилото на жалезничката пруга во селото Лопате се судриле и биле прегазени од воз, по што починале.

Селахи е предаден во Основен суд Куманово, од каде потоа е спроведен во истражниот затвор Скопје.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk