Приведен полициски службеник за примање поткуп

28.10.2020 21:37 | KumanovoNews

Полицискиот службеник И.С. попладнево во 18 часот е упасен во Куманово поради постоење на основано сомнение дека сторил кривично дело-примање поткуп, по член 357, примање награда за противзаконито влијание по член 359, и злоупотреба на службената положба и овластување по член 353, од КЗ.

Приведен полициски службеник за примање поткуп

И.С. од правно лице од Куманово побарал пари за наводно да сопре наводна истрага против правното лице, при тоа повикувајќи се на наводна блискост со високи полициски функционери.

Сопственикот на правното лице го пријавил случајот во МВР по што биле преземени соодветни мерки и активности.

Вечерва во Куманово, во простории на правно лице тој на И.С. му дал претходно технички обработени 2000 евра, а откако ги земал парите И.С. е приведен.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk