Приведен сопственик на кабаре од Куманово, пронајдени пиротехнички средства

19.03.2025 10:28 | KumanovoNews

По преземени мерки и активности, а во рамки на најавените контроли во ноќните клубови и кабареа, полициски службеници од СВР Куманово затекнале, сопственик на кабаре од Куманово, како од неговото паркирано возило пред кабарето изнесува противпожарни апарати и ги внесува во клубот. 

 

Приведен сопственик на кабаре од Куманово, пронајдени пиротехнички средства

„Веднаш потоа, полициски службеници извршиле контрола во објектот и биле пронајдени и одземени пиротехнички средства. Лицето било лишено од слобода и во полициска станица, во присуство на адвокат, со него бил извршен службен разговор, а од инспектор за заштита и спасување издадени се прекршочни платни налози и издадено е решение за забрана за работа до отстранување на  неправилностите. За настанот бил известен јавен обвинител“, соопшти МВР.

 

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk