Приведен жител на Лојане за криумчарење мигранти

06.09.2021 13:16 | Сузана Николиќ

На автопатот Куманово-Табановце, полициски службеници при Регионалниот центар за гранични работи Север го лишиле од слобода А.А.(35) од с.Лојане, општина Липково.

Приведен жител на Лојане за криумчарење мигранти

При преглед во возилото „ауди а4“ со кумановски регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени три лица мигранти од Куба – Т.М.М.А.(23), Т.Р.Ј.(23) и К.М.Л.(24).  

Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава. По наредба на Јавен обвинител, мигрантите биле предадени во Транзитниот центар „Винојуг“ во Гевгелија.

 

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk