Приведена измамничка, ветувала станови, па ја снемало откако ги земала парите

25.08.2022 14:41 | Сузана Николиќ

Кумановец и двајца гостиварци останале без близу 10.000 евра, откако скопјанка ги измамила дека ќе им помогне да купат социјални станови. 

Приведена измамничка, ветувала станови, па ја снемало откако ги земала парите

Полициски службеници од Полициската станица Центар вчера ја лишиле од слобода Б.Д.(39) од Скопје. Таа се сомничи дека од јануари до август 2022 измамила две лица од Гостивар и едно од кумановско за вкупна сума од 9.700 евра. Според пријавеното, таа им ветила дека за одредена сума може да им помогне да купат државни социјални станови, но откако ги земала парите набргу потоа ја прекинувала комуникацијата со нив.

Таа била приведена во полициска станица и по целосно документирање на случајот против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk