Приведена кумановка, подметнала пожар во куќа на улицата „Гоце Делчев“

21.02.2023 13:37 | KumanovoNews

Полициски службеници од СВР Куманово, по преземени мерки и активности лишиле синоќа привеле 24-годишна кумановка, која признала дека подметнала пожар во куќа во Куманово.

Приведена кумановка, подметнала пожар во куќа на улицата „Гоце Делчев“

„Таа се сомничи дека во 2019 година подметнала пожар во куќа на улица „Гоце Делчев“ во Куманово. Таа била приведена во полициска станица и во службен разговор го признала делото. По целосно документирање на случајот, против неа ќе следува соодветна пријава“, соопштува МВР.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk