Приведени четири лица од Куманово осомничени за кражби во возила

06.10.2023 17:01 | KumanovoNews

Полициски службеници од СВР Куманово, на 05.10.2023 година, ги лишиле од слобода А.Р.(20), М.И.(31), Р.Р.(27) и Д.Р.(31), сите од Куманово.

Приведени четири лица од Куманово осомничени за кражби во возила

Тие се сомничат дека на 02.10.2023  на улица „Никшиќка“ во Куманово одзеле повеќе предмети од неколку паркирани возила.

Лицата биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk