Приведени четворица кумановци, извршиле 11 кражби

10.08.2023 20:02 | Сузана Николиќ

Во текот на изминативе два дена, полициски службеници од СВР Куманово ги лишиле од слобода С.А,(25) Р.Р.(27), Д.Р.(30) и С.М.(27), сите од Куманово. 

Приведени четворица кумановци, извршиле 11 кражби

„Тие се сомничат дека извршиле 11 кражби на подрачјето на Куманово, од кои една во деловен објект и десет во приватни имоти“, соопшти МВР. 

Четворицата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случаите против нив ќе следуваат соодветни пријави.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk