Приведени четворица кумановци за издржување на затворски казни

18.10.2020 06:31 | KumanovoNews

Полицијата приведе четири лица од Куманово коишто треба да издржуваат затворски казни од една до пет ипол години.

Приведени четворица кумановци за издржување на затворски казни

Полициски службеници од СВР Куманово, врз основа на судска наредба го привеле Б.С.(26) од Куманово за издржување на казна затвор од пет ипол години во Казнено-поправната установа- Затвор Идризово за извршено кривично дело „обљуба“ по член 187 став 1 од Кривичниот законик.

Е.Б.(25) од Куманово е лишен од слобода заради издржување казна затвор од една година во Казнено-поправната установа - Затвор Куманово за извршено кривично дело „телесна повреда“ по член 130 од Кривичниот законик.

М.Т.(29) од Куманово ќе издржува казна затвор од една година во Казнено-поправната установа Затвор Куманово.

Врз основа на судска наредба, приведен е М.Д.(28) од Куманово за издржување казна затвор во Казнено-поправната установа Затвор Куманово за извршено кривично дело „тешка телесна повреда“ по член 131 од Кривичниот законик.

Сите се спроведени во казнено-поправните установи.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk