Приведени двајца крадци во Куманово, одземеното вратено на сопственикот

04.05.2022 22:51 | Сузана Николиќ

Полициски службеници од СВР Куманово, синоќа во 20.30 часот ги лишиле од слобода М.И.(30) и Е.И.(34) од Куманово.

Приведени двајца крадци во Куманово, одземеното вратено на сопственикот

Тие се сомничат дека минатата недела со употреба на сила влегле во објект на улицата „Димитар Влахов“ и одзеле повеќе предмети.

Кај нив биле пронајдени одземените предмети и биле вратени на сопственикот. Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk