Приведени двајца кумановци, нападнале тројца сограѓани

21.12.2019 10:57 | KumanovoNews

Две лица се приведени во полицијата, откако против нив била поднесена пријава дека нападнале три момчиња.

Приведени двајца кумановци, нападнале тројца сограѓани

 Во СВР Куманово, Д.П.(17) и Д.Т.(17), двајцата од Куманово, пријавиле дека физички биле нападнати од М.М. и три други лица. Подоцна, С.П.(19) од Куманово пријавил дека на ул.„Бранко Богдански Цуцман“, М.М. му се заканувал и се обидел да го удри со возилото.

По преземени мерки, од слобода биле лишени М.М.(24) и М.Б.(20), двајцата од Куманово и по целосно документирање на случаите ќе им биде поднесен соодветен поднесок.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk