Приведени двајца кумановци, осомничени за криумчарење мигранти

13.11.2023 22:40 | Сузана Николиќ

Полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Богородица вчера привела двајца кумановци, осомничени дека со возило опел астра биле претходница на автомобил рено меган во кој се превезувале мигранти.

Приведени двајца кумановци, осомничени за криумчарење мигранти

„Oколу 1:30 часот од страна на полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Богородица на автопатот А1 бил даден знак за запирање на возилото рено меган, но возилото продолжило со движење, ја скршило рампа на наплатата станица Смоквица, по што излетало од патот, а возачот го напуштил местото“, информираа денеска од МВР.

Притоа, појаснуваат од МВР, во возилото биле пронајдени шест мигранти од Сирија. По целосно расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава. 

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk